Шилегов на предизборни средби во Гостивар

Носителот на листата за пратеници на СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска оствари средби со граѓани пред седиштето на општинската организација на партијата во Гостивар.
Шилегов изјави дека на средбите разговарале за проблемите коишто ги имаат гостиварци.
- Средбите ги започнавме со групата којашто е најмногу манипулирана. Им објаснивме дека Владата не им ги зголемува пензиите, туку тоа е обврска којашто мора да ја спроведе, рече Шилегов.
Тој, коментирајќи ја вчерашната изјава на неговиот противкандидат и носител од листата од коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Ѓорчев, рече дека изминатите десет години биле доволни за да се реализираат гасификацијата и изградбата на патиштата што ги најавуваат.
Шилегов, како што е најавено, ќе оствари средби и со жители од селото Беловиште, а попладне СДСМ ќе одржи предизборен собир во Центарот за култура АСНОМ.
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
