Шилегов: Град Скопје нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска изјави дека Град Скопје за жал нема ингеренции во дислоцирање на дивоградбите и оти согласно легислативата таа надлежност е на општина Центар.
- Очекувам дека соодветните органи во соодветни постапки ќе ги донесат решенијата и согласно нив понатаму ќе биде статусот на тие дивоградби, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на глобалното одбележување на 5 Јуни - Светскиот ден на животната средина во Градскиот парк во Скопје.
Според него, проектот „Скопје 2014“ и неговата нелегалност е видлива и додаде оти за тоа зборувале и кога биле опозиција.
- Град Скопје под свои ингеренции има исклучиво пет споменици, од кои веќе еден отстранивме, а за останатите во тек е постапката. Ги имаме и оние чудовишта од галии во коритото на реката Вардар за кои веќе водиме постапка, а јас морам да водам сметка и за буџетските средства и да ја намалам штетата која ќе може да се предизвика на буџетот на Град Скопје, рече Шилегов.
Тој соопшти дека еден по еден ги решаваат проблемите кои, како што рече, наталожени се премногу, но нема да отстапиме од доследноста.
- Очигледно е дека постапките и процедурите се прекршени. Постојат можности, стручната јавност се изјасни, или да се срушат или да се легализираат. Одлуката веројатно ќе треба да ја донесат надлежните институции и Град Скопје се става на располагање со целиот свој потенцијал да партиципира во носење на таа одлука, рече Шилегов.
Ново на Сител
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
