Шилегов: Чешките компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје

Голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично.
Ова денеска го истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов на бизнис-форумот меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.
– Заштитата на животната средина за Република Северна Македонија, а особено за Град Скопје, претставува едно огромно поле на кое постојат многу отворени можности за соработка. Ме радува фактот што голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично, рече Шилегов. Додаде дека тој и градската администрација им се на располагање на сите заинтересирани компании.
Според него, во работниот дел на овој форум ќе се отворат нови можности за сите.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
