-->
-->
Шестмина заразени во ракометната репрезентација, повикан Георгиевски
-->
Корона вирусот предизвикува големи проблеми во националниот ракометен тим кој треба да игра квлаификациски дуели за ЕП 2020 против Финска и Швајцарија. Последниот рапорт од федерацијата е дека тројца ракометари и три тренери се позитивни на Ковид-19 и ќе ги пропуштат двете средби.
Уште првиот ден беше познато дека Брестовац остана без два члена на стручниот штаб откако Матлиески и Царчев беа позитивни, а исто така и без Марио Танкоски.
Денеска после новите тестирања и Раде Стојановиќ, кој требаше да биде во стручниот штаб исто така е позитивен, како и уште двајца ракометари, Мартин Велковски и Мартин Поповски.
Сите шестмина мораат во изолација и ќе бидат надвор од репрезентацијата за оваа ЕХФ недела. Последната информација е дека селекторот Брестовац на местото на Поповски го повикал искусниот Гоце Георгиевски да помогне за овие средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома