Шестмина убиени во Казахстан при престрелка меѓу радикални исламисти и полицијата

Најмалку шест лица се убиени денеска во вооружен напад врз две продавници за оружје и воена база во западниот казахстански град Актобе.
Меѓу жртвите се тројца од напаѓачите.
Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Алмас Садубаев напаѓачите се приврзаници на „нетрадиционални религиозни трендови" - како што ги нарекуваат во Казахстан радикалните исламисти.
Непознати лица денеска попладне нападнаа две продавници за оружје, од кои едната се наоѓала на територијата на база на Националната гарда.
Убиен е еден продавач. Другите жртви се еден офицер и еден полицаец, кои се обидувале да го одбијат нападот. Девет војници повредени.
Еден од напаѓачите е уапсен, тројца се убиени, а неколкумина успеале да избегаат и по нив се трага, прецизира Садубаев.
Во Актобе е воведен режим на антитерористичка операција.
Населбата каде е извршен нападот е целосно отцепена. Јавниот транспорт е запрен, се врши евакуација на местата каде што би можеле да се соберат поголем број луѓе.
Според локалниот весник „Опсег" напаѓачите биле на возраст од околу 20 години и извршиле напад и на полициска станица во Актобе.
Од пред извесно време Казахстан, каде поголемиот дел од населението се муслимани, се жали од ширењето на радикалниот ислам во земјата, која по распадот на СССР се обидува да изгради секуларна држава.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
