-->
-->
Шестмина ирански мигранти си ги сошија устите како протест за уривање на кампот во Кале
-->

Шестмина ирански мигранти вчера си ги сошија устите во знак на протест против масовното евакуирање и разурнување на голем дел од бегалскиот камп крај Кале, во очајниот обид да го привлечат вниманието на меѓународната јавност за нивната тешка судбина, пренесува БТА.
Необичниот протест почна на третиот ден од операцијата на властите за уривање на кампот, познат како „Џунгла“. Поголемиот дел од неколкуте илјади лица кои престојуваат во кампот имаат намера да заминат за Велика Британија.
Некои од мигрантите беа качени на покривите од колибите во обид да ги спасат од булдожерите, а други, пак, ги запалија.
Иранците кои демонстрираа во раце држеа транспарент на кој имаа истакнато барање кампот да биде посетен од претставник на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
