Шестата управа доби нови униформи
– Припадниците на Одделот за заштита на одредени личности или објекти познат како Шеста управа денеска добија нови службени униформи.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги промовираше униформите, нагласувајќи дека МВР врз основа на јавна набавка обезбедило 464 машки и 39 женски комплети цивилна облека. Цената на еден комплет изнесува 6.560 денари без ДДВ, а МВР за сите униформи потрошило 3.299.680 денари.
- Веќе долго време немаше никаква набавка на униформи не само за Шестата управа, туку и за сите припадници на полицијата. Целта е да се унапредат стандардите на професионално работење на сите оддели во МВР, а Шестата управа е оддел кој има специфичен вид на задачи и МВР е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење, рече Спасовски.
Додаде дека во Министерството престојат уште задачи и активности не само од материјално-технички аспект, туку и во насока на подигнување на стручноста, организацијата и системското работење на Министерството
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква