Шест смртни случаји од Ковид-19 во Тетово, најмногу од кога почна пандемијата
Тетовскиот регион бележи најмногу смртни случаи за едно деноноќие од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Пет луѓе болни од Ковид-19 починаа во тетовската болница и уште еден во скопската болница „8 септември“.
– Во клиничката болница починаа двајца од Тетово и по еден од Мала Речица, Пирок и Камењане. Починатите се на возраст 60, 63, 69, 72 и 77, соопшти директорот Флорим Бесими.
Министерството за здравство информираше дека во Градската општа болница „8 септември“ е починат и најмладиот, 58 годишник од тетовско. Вкупно починати од Ковид-19 во тетовско се 49 лица.
– Од новите 12 заболени за денес со Ковид-19, седум се во општина Тетово, по двајца во Боговиње и Желино и еден во општина Јегуновце, информираше д-р Зорица Зафироска, од Центар за јавно здравје Тетово.
Сега активни случаи има 374 или вкупно 640 дијагностицирани.
Ново на Сител
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона