Шест претстави во конкуренција на 16. Фестивал на античка драма „Стоби“
На сцената во Велешкиот театар од 13-ти до 21 октомври ќе се одржува 16. Фестивал на античка драма „Стоби“ кој го организира Здружението на граѓани ФАД „Стоби“ под покровителство на Општина Велес. Ќе бидат изведени осум претстави од кои шест, од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија, се во конкуренција за наградите.
Фестивалот во петок во 20 часот ќе почне со претставата „Перикле“ на театарот од Шабац, Србија. Наредните денови публиката ќе може да ги види претставите: „Едип Тиранин“ на театарот „Стефан Киров“ од Бугарија; „Ништо без Трифолио“ на Народниот театар од Прилеп; „Шумата на моето дрво“ - проект на „Северно од Импакт“ и Народен театар Велес; „Медеја“ на Казачкиот театар на провинцијата Атирау од Казахстан и претставата „Филоктет/Медеја“ на Народниот театар на Западен Казахстан од Казахстан, која е направена специјално за овој фестивал.
Вон конкуренција на 17 октомври ќе биде изведена претставата „Животот е магичен круг“ на студентите од Универзитетот ЕСРА од Скопје, а на затворањето на 21 октомври Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Стјуардеси“.
И годинава претставите ќе се натпреваруваат за една од наградите на фестивалот - Гран-при за најдобра претстава, за најдобра режија и за најдобри машка и женска улога. Ќе ги оценува жири во состав: Ивана Јарчевска, театролог; Деан Дамјановски, режисер; и Кети Борисовска, актер.
Веќе трета година Фестивалот на античка драма „Стоби“ се одржува во затворен простор, во зградата на театарот во Велес, поради реновирањето на античкиот амфитетар во археолошкипот локалитет Стоби.
Претседателот на Здружението ФАД „Стоби“ Зоран Љутков на прес-конференција денеска најави дека идното лето фестивалот ќе биде вратен во локалитетот Стоби, каде што се одржуваше од 2001 до 2013 година.
- Бевме принудени три години да бидеме на нова привремена локација. Во разговорите со раководството со НУ „Стоби“ дојдовме до заклучок и време е фестивалот да се врати на отворено. Бидејќи голем дел од работите се готови, очекуваме да завршат до крајот на јуни идната година. Најдовме и нови локации во археолошкиот локалитет Стоби каде, исто така, ќе може да се играат претстави во рамки на фестивалот на античка драма „Стоби“, рече Љутков.
Ново на Сител
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда