Шест нови известувања од МВР за настаните во Собранието
Во изминативе неколку дена Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе шест известувања за преземените активности околу расчистување на настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Доставено е посебно известување за поднесена кривична пријава против А.К. за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Во домот на А.К. по извршен претрес се пронајдени предмети важни за кривичната постапка. Предметите се одземени и по извршеното вештачење дополнително ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје.
Доставено е и известување за извршени разговори со повеќе новинари, како и со М.П., а се однесуваат на кривично-правниот настан “убиство“ (во обид) извршен над пратеникот З.С. Воедно е извршен претрес во домот на еден новинар при што се пронајдени и одземени предмети (фотоапарат, камера, УСБ, преносен компјутер, мобилен телефон и ДВД) кои може да послужат во кривичната постапка. По извршеното вештачење предметите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје.
ОЈО Скопје е известено во врска со утврдување присуство на странски државјанин во Собранието за две кривични дела “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. Од извршениот преглед на доставените видео материјали е констатирано дека се работи за Г.Ж., српски државјанин. Утврдено е дека во временскиот период од 22:04 до 00:11 минути тој бил присутен во Собранието.
Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство и натаму презема мерки и активности за настаните од 27 април и за обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје