Шест лица загинаа во експлозија во руски рудник

Шест лица загинаа во синоќешната експлозија во рускиот рудник за јаглен „Севернаја“, меѓу кои петмина спасувачи и еден рудар, изјави портпаролот на Министерството за вонредни ситуации, јави ТАСС.
Во експлозијата се ранети пет лица.
Синоќа во рудникот имаше трета моќна експлозија, по првите две на 25 февруари, кога загинаа четворица рудари, а 26 останаа под земја.
- Нема шанси некој од 26 рудари да преживеал, изјави министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков.
Техничкиот директор на компанијата „Воркутаугол“, која управува со рудникот изјави дека техничкиот совет детално ја проценил ситуацијата во рудникот и оти смета дека таму повеќе нема преживеани.
На 25 февруари во рудникот во руската република Коми истече метан, кој предизвика две експлозии, уривања и пожар. Во тој момент под земја беа 111 лица. Евакуирани беа 81 рудар, четворица загинаа, а 26 останаа заробени.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
