Шест лица загинаа, десетици се ранети во бури и торнада во САД
Повеќе бури и торнада погодија вчера неколку држави долж источното антлантско крајбрежје на САД, како и јужните држави Луизијана, Мисисипи и Флорида.
Билансот на загинатите достигна шест лица, а неколку десетици се ранети.
Спасувачките екипи се уште не можат да дадат оценка на штетите.
Само во трите јужни сојузни држави се регистрирани околу 25 торнада. Оштетени или целосно разурнати се стотици домови. Десетици илјади жители останале без електрична енергија.
Тројца од загинатите се во Вирџинија, каде вчера исто така имаше мошне силна бура. Меѓу нив е двегодишно дете. Гувернерот на државата Тери Маколиф синоќа прогласи вонредна состојба.
Метеоролозите прогнозираат дека и покрај ослабнувањето на бурите синоќа, опасноста се уште не е помината. Ризик има за територии, на кои живеат вкупно 88 милиони лица.
Во Средниот запад силните ветрови беа проследени со моќни снежни врнежи. Десетици летови од аеродромот во Чикаго се откажани, а училиштата во неколку држави од тој регион на САД се затворени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница