Шест лица загинаа, десетици се ранети во бури и торнада во САД

Повеќе бури и торнада погодија вчера неколку држави долж источното антлантско крајбрежје на САД, како и јужните држави Луизијана, Мисисипи и Флорида.
Билансот на загинатите достигна шест лица, а неколку десетици се ранети.
Спасувачките екипи се уште не можат да дадат оценка на штетите.
Само во трите јужни сојузни држави се регистрирани околу 25 торнада. Оштетени или целосно разурнати се стотици домови. Десетици илјади жители останале без електрична енергија.
Тројца од загинатите се во Вирџинија, каде вчера исто така имаше мошне силна бура. Меѓу нив е двегодишно дете. Гувернерот на државата Тери Маколиф синоќа прогласи вонредна состојба.
Метеоролозите прогнозираат дека и покрај ослабнувањето на бурите синоќа, опасноста се уште не е помината. Ризик има за територии, на кои живеат вкупно 88 милиони лица.
Во Средниот запад силните ветрови беа проследени со моќни снежни врнежи. Десетици летови од аеродромот во Чикаго се откажани, а училиштата во неколку држави од тој регион на САД се затворени.
Ново на Сител
-

Путин: Американска делегација следната недела во Москва на разговори за војната во Украина
-

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија, а градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Николоски: Ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора
-

Наредна недела ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот – Ѓорѓиевски ја одржа првата седница со скопските градоначалници
-

Мицкоски: Реформите во правосудството се сведуваат за пари, а и сега издвојуваме повеќе од просекот на земјите во Европа
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-

Две години од монструозното убиство на Вања Ѓорчевска
