-->
-->
Шерингем се враќа на терените
-->
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Теди Шерингам се враќа на фудбалските терени, иако има 49 години.
Шерингам, кој во моментот е менаџер на англискиот четворолигаш Стивениџ, се регистрирал и како фудбалер и би можел да заигра веќе ова среда во Хертс Сениор купот против Велвин Гарден Сити.
Шерингам за време на својата кариера седум години го носеше дресот на Тотенхем, четири на Манчестер Јунајтед, а играше и за Милвал, Вест Хем, Портсмут и НОтингем Форест. За репрезентацијата на Англија има 51 настап, постигнувајќи 11 голови. Играчката кариера ја заврши 2008 на возраст од 42 години.
Доколку Шерингам и настапи оваа недела, сепак нема да го собори рекордот на Стенли Метјус, кој во 1965 година настапи за Стоук, пет дена откако го прослави 50-сеттиот роденден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?