ШЕРБЕТ ОД БРУСНИЦА
Безвременска приказна која стана класика и за брзо ги собори сите рекорди на гледаност, оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата во сите возрасни групи. Популарноста на оваа импресивна драма ги надмина и границите на малите екрани, станувајќи глобален феномен на социјалните мрежи и привлекувајќи огромен број на фанови кои со нетрпение ја очекуваат секоја следна епизода.
Моќна приказна за една забранета љубов која ќе треба да ги надмине сите животни искушенија и да се избори за својот триумф. Уште во почетокот се запознаваме со Дога, млада студентка која пораснала во нормална и урбана фамилија, но чиј живот се менува кога девојката решава да се омажи за Фатих, човекот во кој е вљубена и од кој останува бремена.
Фатих, од друга страна, потекнува од богато традиционално семејство, но неверојатно приврзан за конзервативните вредности и семејните врски. Работите добиваат сосема друга насока кога семејствата на двајцата млади се запознаваат.
Мајката на Дога е шокирана од религиозната фамилија на зетот и чудните правила кои владеат под тој кров, а пак семејството на Фатих е изненадено од, за нив, неприфатливото и либерално однесување на семејството на невестата.
Љубовта на двајцата млади ќе предизвика судир меѓу овие две семејства за кои е невозможно да живеат заедно. Судир кој ќе ги соочи модерното со традиционалното, слободата со ограниченоста, разумот со чувствата. Но, мостовите на животот ќе ги спојат овие различни светови и ќе донесат бура од интензивни сплетки и емоции во најгледаната драмска серија на денешницата.
Ново на Сител
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија