„Шератон“ ја напушта Албанија
Здружението на албанските туроператори и туристички агенции (АТОА) соопшти дека „Шератон“ од први јануари 2018 ја напушта Албанија. За здружението ова е едно од најнегативните случувања во последните дваесет години во албанскиот туризам.
Од „Шератон“ сеуште нема официјална изјава околу причините за овој чекор, но од здружението велат дека причината се погрешните политики на Албанија во промоцијата на туризмот. Според здружението доколку владата бара нов хотелски „бренд“ потребно е да ги задржи оние малку што се во земјата.
- Немањето соодветна регулатива, стандарди и екстремната непрофесионалност се главните причини кои не само што далеку ги држат странците во облата на хотелерството, туку придонесуваат за заминување на оние кои се присутни, како што е „Шератон кој беше е тука од 2003 година, посочуваат од здружението.
„Шератон“ беше прв хотел со пет ѕвезди во Албанија.Со неговото заминување Албанија го губи единстевното име „бренд“ препознатлив во светот, во сферата на хотелиерството и туризмот.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија