Шекеринска во Софија на средба со Каракачанов
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во Софија каде што ќе има средба со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов и ќе учествува на меѓународната конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“.
Во фокусот на средбата со бугарскиот колега Каракачанов ќе бидат повеќе прашања од соработката меѓу двете земји како и претстојниот самит на НАТО во Брисел и предизвиците што го очекуваат регионот.
На конференцијата освен Шекеринска обраќања ќе имаат и германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, претседателот на Австрискиот институт за европска и безбедносна политика и поранешен министер за одбрана на Австрија Вернер Фаслабенд и поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер.
Оваа година меѓународната одбранбена конференција во Софија ќе се посвети на потребата на ЕУ за развој на нов безбедносен и одбранбен идентитет, кој ќе се носи со предизвиците како нестабилноста на јужните и источните граници на ЕУ, тероризмот и радикализацијата, мигрантските бранови, враќањето на борците-терористи од боиштата и новите хибридни и кибер-закани.
Конференцијата е организирана од Софискиот одбранбен форум, Австрискиот институт за европска и безбедносна политика, фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии.
Ново на Сител
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии