Шекеринска во Романија на Денот за високи гости на вежбата „Saber Guardian 17“
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утре и задутре ќе присуствува во Романија, на дводневните активности за високи гости на вежбата „Saber Guardian 17“, чиј дел се 71 припадник на Армијата на Република Македонија, од кои 57 се распоредени во Романија, а 14 во Унгарија.
Во рамките на престојот во Романија, министерката Шекеринска ќе оствари и средба со министерот за национална одбрана на Романија, Адриан Тутуиану, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.
Заедно со министерката Шекеринска, во Романија ќе престојува и делегација од Министерството и АРМ, чиј дел е и командантот на Првата механизирана пешадиска бригада, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на баталјонот на Воената полиција, потполковникот Васко Коколански.
Вежбата „Saber Guardian 2017“се одржува во периодот од 23 јуни до 26 јули во Романија, Унгарија и Бугарија, а вклучува над 25.000 припадници на вооружените сили на над 20-тина земји на НАТО и земји-партнери и претставува најголема вежба во Црноморскиот регион оваа година. Вежбата е организирана и предводена од Армијата на САД во Европа.
Република Македонија во оваа вежба учествува со 71 припадник. Дел од оваа вежба ќе бидат припадници на инженерскиот баталјон, Воената полиција, Баталјонот за специјални намени и Балканските медицински наменски сили.
При неодамнешното испраќање на припадниците на Армијата на оваа голема меѓународна вежба, министерката Шекеринска посочи дека таа претставува можност да се покаже дека македонската армија и нејзините припадници навистина можат да учествуваат заедно со земјите-членки на НАТО и земјите-партнери во сериозни и комплексни вежбовни активности.
Учеството на вежбата ќе ја зголеми подготвеноста на АРМ и нејзината интероперабилност со земјите-членки на НАТО и партнерите и претставува одлична можност за извежбување на вооружените сили на земјите-учеснички во смисла на зајакнување на подготвеноста и подобрување на интероперабилноста под заедничка команда, извршувајќи целосен спектар на воени мисии, а во насока на поддршка на безбедноста и стабилноста на Црноморскиот регион.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија