Шекеринска: Тринаесетте мировници кои се позитивни на КОВИД-19 се во добра состојба
Тринаесетте припадници на Армијата на Македонија од водот за обезбедување на Главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се позитивни на коронавирус и се наоѓаат во изолација. Уште седуммина припадници на водот, се наведува во денешното соопштение од Министерството за одбрана, се наоѓаат во карантин поради контакт со заразените.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево разговарала со полковникот Златко Кузманов од главната команда во Кабул, кој ја информирал дека сите наши мировници се во добра општа состојба, без симптоми на болеста и згрижени во соодветни услови.
– Полковникот Кузманов информираше дека во мисијата „Одлучна поддршка“ вирусот бил претходно проширен на околу 2000 лица, а новиот бран се случил во последните десетина дена. Дека нашите мировници се позитивни на коронавирус, било откриено на редовните тестирања кои во базата се вршат еднаш неделно, се појаснува во соопштението од МО.
Министерката Шекеринска им посакала побрзо опоравување на припадниците на Армијата и побарала редовно дневно известување за нивната состојба. Таа нагласила дека Министерството за одбрана ќе одговори на каква било потреба или барање во координација со главната команда на мисијата.
Другиот дел од припадниците на Армијата кои во мисијата „Одлучна поддршка“ се ангажирани како штабни офицери во Командата за обука, асистенција и советување – главен град, на аеродромот КАИА, се подвлекува во соопштението, се во добра здравствена состојба и редовно ги извршуваат своите должности.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица