Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан
Заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска синоќа оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, при што рече дека континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за зачувување на стабилноста на Западен Балкан.
„Одлично е што се сретнав со Петер Соренсен, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за зачувување на стабилноста во регионот на Западен Балкан“, објави Шекеринска на социјалната мрежа Х.
Соренсен ја сподели таа објава од Шекеринска, заблагодарувајќи и се за разговорот.
„Се радувам на блиска соработка“, објави Соренсен.
Минатата недела Соренсен беше во прва посета на Белград по преземањето на функцијата,а претходно – во тридневна посета на Косово.
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари