Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот
Факт е дека не започнавме процес на сертификација на сите воени лица, бидејќи тоа е и барањето на НАТО. Само оние кои треба или мора да имаат НАТО сертификати влегоа во процесот и таа бројка е релативно мала. Кај најголем дел од офицерите оваа постапка е или пред крај или е сосема завршена и очекувам во текот на летото да се донесат одлуките, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Тоа се сметаше како еден чекор напред да не биде преголем бројот на луѓе коишто ќе имаат НАТО сертификати бидејќи нема да имаат потреба да работат со НАТО соодветни документи.
Ние во процес имаме на пример пополнување на шест командни позиции коишто нема да бидат наши претставници во военото претставништво, туку ќе бидат дел од НАТО структурата. За тие шест позиции сите мора да имаат НАТО сертификати и колку што ме информираа процесот за нив е веќе на самиот крај. Очекувам од септември дека ќе имаме целосна екипа која што ќе ги пополни позициите на Македонија во НАТО командите, рече Шекеринска во одговор на новинарско прашање на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД во касарна Чојлија кај Петровец.
Нагласи дека ќе продолжи ангажманот во Армијата и на оние офицери кои нема да добијат НАТО сертификати без разлика дали ќе бидат одбиени или само нема да го добијат, но на позиции кај кои не е неопходен НАТО сертификат.
-Нашата цел не е да изгубиме луѓе, нашата цел не е луѓе да изгубат егзистенција па и позиција која што ја имаат но треба да работат на места во Армијата каде што не е потребен НАТО сертификат бидејќи немаат контакт со НАТО документи, појасни Шекеринска.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол
-
Од утре до понеделник дожд, грмежи и постудено
-
Цистерна со нафта се преврте и се запали кај Гевгелија | ФОТО
-
Акциска контрола во Гостивар: Санкционирани пет лица за вршење јавен превоз без лиценца
-
Џ.Д. Венс: Доколку Русите ги отфрлат преговорите, тоа ке биде многу, многу лошо за нив
-
Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ по моделот на ОН
-
СПМ: Изјавите кои доаѓаат од ДУИ соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии
-
Германец скршил 5 пршлени на р'бетот при параглајдинг несреќа на Галичица