Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител ги оцени како несериозни обвинувањата од опозицијата за кандидатот за воен претставник во НАТО.
Таа подвлече дека не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник и оти во ниту еден момент досега не е добиен сигнал дека некој го прекршил законот или направил нешто спротивно на ингеренциите.
– Во моментот ние немаме проблем со одбивање. Воениот претставник за кој се зборува, не е одбиен, само не му е издаден сертификат. Тоа се две различни работи. Никој не вели – луѓето направиле злочин, туку велат – во моментов се уште мислиме дека имаме одредени резерви кои може да не бидат објективни, појасни Шекеринска.
Обвинувањата на опозицијата, како што рече, се несериозни обвинувања за многу сериозна работа.
– Да сум пола од несериозните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ денеска би требало да излезам и да кажам дека одговорност треба да понесе ВМРО-ДПМНЕ бидејќи за сите случаи за кои јас знам, тие издале сертификат претходно. Со потписи на нивно луѓе, биле издадени такви сертификати. Ако некој треба да зборува за погрешна проценка, адресата би требало да биде на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.
Годинава, обврска на државата е да се пополнат и командните места во НАТО каде ќе бидат испратени луѓе со највисоки НАТО сертификати.
Во однос на можноста професионалните војници со навршени 45 години да одлучат дали ќе продолжат со работа во некоја од државните институции или пак ќе искористат т.н. испратнина со финансиски средства од 1.000 евра за секоја година помината во службата на Армијата, министерката вечерва изјави дека ќе има средства за реализација на оваа опција.
– Оваа година имаме некаде околу 107 војници кои ќе наполнат 45 години. Од нив, овие месеци додека не стапи законот во сила, ќе важи старото решение, меѓутоа очекуваме дека дефинитивно 70-тина ќе го имаат изборот. Веќе знаеме дека 10-тина ќе останат во Армијата како цивилни лица. Еден дел сега заминуваат во пожарните во Скопје, Кичево и Валандово, еден дел ќе се префрлат во судската полиција, но еден дел претпоставуваме дека ќе ја изберат оваа опција и тоа би чинело некаде околу милион и 200 илјади евра на годишно ниво, рече Шекеринска.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
