Шекеринска – Кал: Македонија и САД со уште поинтензивна одбранбена соработка
Македонија како членка на НАТО има важна улога за безбедноста во регионот. Направен е исклучителен прогрес и денеска земјата е полноправна членка на Алијансата која годинава ќе постигне целосна воена интеграција во структурите на НАТО.
Тоа во денешниот телефонски разговор го заклучија министерката за одбрана Радмила Шекериска и потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал.
Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот истакна дека Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата и дека несомнен пример за тоа е учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО.
Таа порача дека капацитетите на Армијата се и капацитети на НАТО – армискиот полигон „Криволак“ кој континуирано се развива со поддршка на САД, годинава беше домаќин на македонски-американската вежба „Одлучен удар“ и доби високи оценки од сојузниците за можностите кои ги нуди за реално извежбување и развој на интероперабилноста помеѓу земјите-членки.
Министерката рече дека приоритет останува стабилниот раст на одбранбениот буџет, реализацијата на отпочнатиот процес на модернизација, како и одржувањето на интензивниот процес на тренинг и извежбување и дополни дека Министерството направи големи чекори напред во однос на градењето интегритет и транспарентноста, споменувајќи дека одбраната е најтранспарентната институција во државата две години по ред, а годинава и со скор од 100 проценти исполнетост на критериумите.
Потсекретарот за одбрана Кал, изразил поддршка за реформските процеси и процесот на модернизација на Армијата и порачал дека САД продолжуваат да бидат наш искрен и верен сојузник и партнер во развојот на одбраната.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
