Шекеринска – Герет: Одбранбената соработка на високо ниво
Одбранбената соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се реализира на исклучително високо ниво и двете земји ќе вложат дополнителни напори за нејзино унапредување, оценија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Герет на денешната средба во Министерството.
Министерката Шекеринска, информираат од МО, на средбата зборуваше за плановите на новата Влада за суштински и вистински реформски зафати со цел достигнување на стратегиските цели на земјата – членството во НАТО и во Европската унија.
- Министерката Шекеринска истакна дека Македонија ќе даде придонес во создавањето амбиент за потесна соработка во регионот и останува посветена на учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации, соопшти МО.
На средбата, се додава во соопштението, беше потенцирана важноста на регионалната соработка како предуслов за стабилност и безбедност. Во таа насока амбасадорот Герет рече дека и покрај процесот на излегување од Европската унија, Обединетото Кралство останува активен дел од Европа и сојузник на НАТО-Алијансата за која регионот и Македонија се од голем интерес.
Амбасадорот Герет изрази недвосмислена поддршка за членството на Македонија во Алијансата и додаде дека треба да се искористи овој момент на изразен оптимизам и ентузијазам видлив во Македонија и кај партнерите.
Сеопфатната одбранбена соработка помеѓу двете земји започна во 1995 година и опфаќа разни курсеви, работилници и семинари од областа на градењето интегритет, стратегиското лидерство, менаџментот во одбраната, воената едукација на Кралскиот колеџ во Лондон и други високо-образовни институции.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот