Шефовите на дипломатиите на Полска, Литванија, Летонија и заменик министерот на Естонија во посета на Скопје
Министрите за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, Република Летонија, Едгарс Ринкевич, на Република Литванија, Линас Линкевичиус и заменик министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска и утре се во посета на Република Македонија, во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Во рамки на посетата, како што најавија од МНР, за утре е предвидена нивна средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
На средбата, Димитров меѓу другото ќе има можност да ги извести соговорниците за наодите на Европската комисија во привремениот извештај од 2 март, во кој се констатира дека Македонија ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во заклучоци од јуни 2018 година, притоа потврдувајќи ја како важечка препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница