Шефот на украинската даночна служба под истрага за злоупотреба на 75 милиони долари
Првиот човек на украинската Државна даночна и царинска служба, Роман Насиров, е приведен и против него е отворена истрага под сомнение дека злоупотребил приближно две милијарди гривни (75 милиони долари), изјави денеска неговиот адвокат, цитиран од британските медиуми.
Насиров, кој вчеравечер беше приведен, се наоѓа во болница заради сомненија за преживеан инфаркт, јави денеска весникот „Украинскаја правда“, повикувајќи се на вработени во здравствениот центар „Феофанија“, пренесе ТАСС.
Претходно, Националното антикорупциско биро на Украина потврди дека припадници на службата, заедно со членови на Специјалното антикорупциско обвинителство, го привеле Насиров при претрес на просториите на медицинската установа.
Истрагата е поврзана со „гасниот кривично-правен предмет“ на пратеникот Александер Онишченко. Шефот на даночна и царинска служба ги имал преструктурирано даночните обврски на фирмите на Онишченко, што работеле во гасниот сектор во земјата, дополнува ТАСС.
Доколку Насиров и официјално биде обвинет и прогласен за виновен, тоа ќе биде првиот успешен процес против високо позициониран државен службеник за злоупотреби на функцијата од бунтот во 2014 година, што на власт во Украина ги доведе прозападните сили, кои ветуваа дека ќе ја искоренат раширената корупција во земјата, посочуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО