Шефот на полската дипломатија во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, во тек на која ќе има средба со македонскиот колега Никола Димитров.
- На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон целосно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Се очекува на средбата двајцата министри да разменат мислења и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, сооопшти денеска македонското МНР.
Според највата, министрите Димитров и Чапутович ќе ја отворат седмата средба на полско–македонската соработка во евроинтеграцискиот процес, т.н. „Скопска конференција“ на државни службеници од Македонија и Полска. Предвидено е и да ги поздрават учесниците на тркалезната маса посветена на „Улогата на истражувачките организации (Think-Tank) во дебатата за европска интеграција на која ќе учествуваат think-tank-ови од двете земји.
Воедно министрите ќе положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи од Македонија во рамки на комеморативниот настан што се организира по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
