Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција
Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре престојува на 56. Минхенска безбедносна конференција.
Димитров на конференцијата присустува на покана на нејзиниот претседавач амбасадорот Волфганг Ишингер, а предвидено е тој да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата.
Шефот на дипломатијата ќе се обрати на панел дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство“, на тркалезната маса насловена „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, како и на дебатата во организација на Охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан“.
На маргините на конференцијата планирани се и повеќе билатерални средби со негови колеги министри, високи претставници и учесници на овогодишната Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на Европската Унија и НАТО.
Минхенската безбедносна конференција, низ петдеценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика, обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми.
Ново на Сител
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар