Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево од денеска во официјална посета на земјава

Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево од денеска ќе престојува во дводневна посета на земјава, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
-Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, наведуваат од Министерството.
Посетата на земјава на шефот на белгиската дипломатија е во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе ги посети и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори кон членство во Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
