Шеесет и девет возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното

Шеесет и девет возачи изминатото деноноќие возеле со поголема брзина од дозволената, а 19 лица управувале моторно возило пред да се стекнат со такво право, покажуваат податоците од СВР Скопје.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, како и 19 нерегистрирани возила и едно техничко неисправно возило.
Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа се случиле вкупно 21 сообраќајна незгода, а повредени се вкупно девет лица. Од нив, едно е потешко и осум се полесно повредени. Во 12 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Издадени се 69 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 48 возила.
За неносење заштитен шлем санкционирани се 22 возачи на мотор, мопед и мотоцикл, за неносење сигурносен појас 19 возачи на моторни возила и за користење на мобилен телефон 14 возачи.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз
-

Трамп со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша документ за вештачката интелигенција
-

Денеска се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
-

Сончево и топло со температури до 26 степени
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
