Шарлиз Терон на Обама му упати непристоен предлог
За време на гостувањето во шоуто на Џими Кимел, актерката Шарлиз Терон се потсети како во една пригода го поканила американскиот претседател Барак Обама во стриптиз клуб.
Терон призна дека во текот на гостувањето била многу нервозна, што резултираше со неприкладен коментар.
- Ова е страшно Џими. Ова е страшно, ја започна приказната 39-годишната актерка.
- Ми се случува толку многу да се вознемиран за да на крајот речам нешто навистина несоодветно. Како да не знам да запрам. Нешто како „вербална дијареја“, рече Терон.
Нејзиниот коментар се однесувал на претходното гостување во емисијата на Кимел кога Обама изјави дека му е мило што учествува во емисијата и оти може да се обиде да „освои“ нови гласачи од другите демографски групи.
- По тоа направи долга пауза и јас повеќе незнаев што да кажам. Единствено што се сетив беше: - Па ако барате гласачи на нови места, можам да ве однесам во стриптиз клуб, откри Терон пред да се насмее и го покри лицето со рацете.
Таа додаде дека со недели по тоа не можела да спие, затоа што и било непријатно: - Ги затворам очите и мислам „О Боже мој, јас тоа го реков. О Боже мој, зошто тоа го реков?
Кимел упати аплауз за храбоста и предложи на сите идни претседатели да ја испрати истата покана.
- Тоа да го предложеше на Клинтон, најверојатно се уште ќе бевте во тој стриптиз клуб, се пошегува водителот.
Ново на Сител
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна
-
Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот
-
Евробарометар: Малтежаните силно ја поддржуваат македонската и албанската кандидатура за членство во ЕУ
-
Од ЈП Дрисла тврдат дека не се одговорни за загадувањето, се сомневаат во политички мотивирани потпалувачи