Шарец: Заминувањето на Ерјавец нема да го смени ставот на Словенија за арбитражата
Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја отфрли можноста за промена на ставот на Словенија кога станува збор за арбитражен спор со Хрватска по заминувањето од функција на министерот за одбрана Карл Ерјавец.
– Заминувањето на министерот не може да донесе промени, изјави Шарец за Словенечката телевизија.
Тој од Давос, каде учествува на Светскиот економски форум, запрашан да ги коментира оценките на дел од хрватските медиуми, дека отворените прашања меѓу двете држави можат полесно да се решат по заминувањето на Ерјавец, кој беше еден од актерите во арбитражната афера, рече дека Шарац во тој поглед не очекува никакви промени.
– Мислам дека нашата надворешна политика во овој поглед, што се однесува до владата, е целосно усогласена. Заминувањето на министер не може да донесе промени, ниту пак ги очекувам, рече Шарец.
Тој додаде дека тие оценки на медиумите биле слични на оптимистичките очекувања на некои извештаи на весниците во Словенија по изјавите на новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ дека Словенија и Хрватска се природни сојузници и дека подобрувањето на лошите билатерални односи ќе биде еден од неговите приоритети.
Тој исто така рече дека по враќањето од Давос, тој ќе разговара со Ерјавац, кој допрва треба официјално даподнесе оставка.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност