-->
-->
Шампионските пехари на УЕФА претставени во Тетово
-->
Претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводени од генералниот секретар Филип Поповски и заменикот генерален секретар Енвер Сулејмани денеска присуствуваа на претставувањето на трите шампиониски пехари од клубските натпреварувања што се во организација на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) - Лигата на Шампиони, Европската лига и Суперкупот.
Во организацијата на настанот учествуваа и канцеларијата на општинскиот фудбалски сојуз од Тетово и локалната власт. Настанот се организира во пресрет на натпреварот од Суперкупот што на 8 август ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ или Телеком арена во Скопје помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед како годинашни победници на Лигата на шампиони и Европската лига.
На фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово денеска присутвуваа многу деца од подмладоците и сите малдински категории на побвеќе фудбалски клубови од регионот.
- Пехарите ќе поминат низ цела Македонија за да им се овозможи на сите фудбалски вљубеници да ги видат и да се сликаат со овие три пехари. Сметам дека ова е навистина добра можност за децата, младите, но и останатите одблизу да ги видат овие пехари и на еден своевиден начин да се мотивираат за постигнување на врвни спорстки и фудбалски резултати, рече заменик генералниот секретар на ФФМ Енвер Сулејмани.
Според програмата, трите пехари на УЕФА днеска ќе бидат поставени и во Охрид
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар