-->
-->
Шампионот се засили со напаѓач
-->

Црногорецот Дамир Којашевиќ (28) е првото засилување за фудбалскиот клуб Вардар во јануарскиот преоден рок. Којашевиќ со есенскиот шампион потпишал две и пол годишен договор.
„Да бидам искрен не очекував дека моите први впечатоци ќе бидат вака позитивни, но во секој случај, драго ми е што имав прилика лично да се уверувам во суперлативите, со кои што сите ми говореа за Вардар. Задоволен сум што во наредните две ипол години ќе имам прилика да ги бранам боите на клубот и воедно им благодарам на луѓето од раководните структури, за максимално професионалниот и коректен однос. Се надевам дека со моите игри во пролетниот дел ќе ги оправдам очекувањата и ќе го дадам својот личен придонес во борбата за одбрана на шампионската титула“, изјавил Којашевиќ за интернет страницата на Вардар.
Којашевиќ во есенскиот дел од сезоната настапуваше во Младост од Подгорица и на 14 натпревари постигна седум голови. Во кариерата има настапувано за екипите на Будуќност и Зета (Црна Гора), Сараево (БИХ), Горник Лечна и Јагиелониа (Полска), Астана (Казакстан), како и за тимот на Локомотив од Ташкент (Узбекистан).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
