-->
-->
Шампионот САД стартуваше со победа на „Голд купот“
-->

Репрезентацијата на САД победи на првиот ден од 13.издание на „Голд купот“ откако ноќеска го совлада Хондурас со 2:1, воедно Американците го бранат трофејот на шампионатот на Северна и Средна Америка во КОНКАКАФ зоната. На вториот дуел од групата А Панама и Хаити одиграа нерешено 1:1.
Најзаслужен за победата на американската репрезнтација беше Клинт Демпси, кои ги постигна двата гола (25 и 64 минута), додека за Ходурас стрелец беше Карлос Дискуа (68).
Денеска се играат дуелите од групата Б, Костарика – Јамајка и Салвадор – Канада.
Шампионатот се одржува во САД и во Канада и натпреварите ќе се играат на 14 стадиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка
-
Преглед на вестите од светот