Loading Video...
Фудбал
17. October 2020 - 19:54

Шампионот немоќен против лидерот Шкендија

Фудбалерите на Вардар загубија убедливо со 5-1 во дербито со лидерот на прволигашката табела Шкендија 

Мечот на Арената Тоше Проески започна со радост за домашниот тим откако Поп Златанов донесе предност за Вардар. Но во продолжението играше и погодуваше само гостинскиот тим. Серијата ја отвори Рамадани а продолжи со головите на Ахмеди, Ибраими, Тотре и повторно Ахмеди кој успешно го изведе пеналот досуден во самиот финиш. 
Останатите средби се играат утре:
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА  9.коло 
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 
СТРУГА ТЛ- БЕЛАСИЦА
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
А.ПАНДЕВ – ШКУПИ