Loading Video...
Кошарка
2. October 2019 - 16:30

Шампионот МЗТ Скопје подготвен за стартот на новата сезона

Единствениот македонски претставник на меѓународната кошаркарска сцена МЗТ Скопје Аеродром утре ја започнува новата сезона. 
 
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е подготвен за стартот на новата сезона, во која покрај настапот на домашната сцена, ќе не претставува и во АБА2 лигата 
 
Како и досега така и во новата сезона амбициите на клубот остануваат исти, истакнува директорот Тони Грнчаров.
 
„Со оглед на ростерот што го имаме, во нашето првенство сме најдобра екипа. Ќе атакуваме на двете титули. Во АБА лига ќе биде потешко, бидејќи таму има одлични екипи, но ние нема да бидеме МЗТ Скопје, ако не одиме по највисоки цели, да влеземе барем во четири најдобри, па таму со поголема среќа да стигнеме до финале“, истакна Грнчаров 
 
Тренерот Ѓорѓи Кочов и капитенот Дамјан Стојановски, целосно се фокусирани на првиот меч односно утрешниот дуел против Слобода Тузла, 
 
„Противникот е тим со многу млади талентирани играчи, ги познаваме и лани игравме со нив. Играат агресивно, брзо, но ние сме со максимален фокус да победиме и со победа да ја стартуваме сезоната“, изјави Кочов 
 
„Добро помина подготвителниот период, видовме каде сме слаби и треба да го поправиме она што не чини до стартот на првенство. Што се однесува до мечот со Тузла се ќе зависи од нас, од нашата енергија од нашата борбеност“, нагласи капитенот Стојановски.
 
Премиерниот меч во новата сезона МЗТ Скопје Аеродром против Слобода Тузла ќе го одигра утревечер пред своите симпатизери во „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 19 часот.