-->
-->
Шампионот Бузалковски со нов дизајн ќе ја брани титулата на БМУ Европски шампионат
-->
Повеќекратниот европски шампион, Христијан Бузалковски, подготвувајќи се за претстојната сезона, реши на поинаков начин да ги претстави моторите кои ќе ги вози на БМУ Европскиот шампионат.
Тој утре со почеток од 11 часот, во Скопје Сити Мол на приземје, пред љубителите на мотоциклизмот ќе го претстави новиот дизајн од класата Ф600, со кој
годинава ќе се натпреварува на БМУ Европскиот шампионат.
Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така и оваа година заедно со својот тим ,, 71 Team’’, се подготвуваат да ја одбранат титулата.
Освен промоцијата на новиот дизајн, Бузалковски ќе ја најави и престојната сезона на трки во рамките на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, во повисоката класа од 600 кубни сантиметри. За сите љубители на брзински мотоциклизам, моторите од класaта 600 кубни сантиметри и целата опрема, со кои Бузалковски ќе се натпреварува, ќе бидат изложени овој викендов, за целата македонска јавност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка