Шаќири: Граѓаните и деловните субјекти ќе ги заменат редиците на шалтерите со услуги добиени од дома или од работните канцеларии
Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири учествуваше на вториот состанок во рамки на процесот на подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година, под раководство на Министерството за финансии и членови на меѓуресорната работа група за подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година.
На оваа средба, како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, меѓу другото, се разговараше за предлогот за реформски мерки што ќе бидат вклучени во Програмата 2022-2024 и ќе бидат во насока на зелена транзиција и дигитална трансформација.
– Тука МИОА спроведува и поддржува мерки како што се зголемување на електронските услуги на јавните институции и нивно интегрирање во националниот портал за услуги, проект за имплементација на интелигентен транспортен систем (ИТС) долж Коридорот 10 и други иницијативи во соработка со министерствата и други претпријатија во целосна функција на дигитализација и електронска размена. Овие електронски услуги, кои се веќе во фаза на имплементација, ги интегрираат повеќето услуги од неколку министерства во Македонија (внатрешни работи, економија, правда, образование и наука, труд и социјална политика, надворешни работи, судови и обвинителство и некои дирекции и управи, како што се Централниот регистар на Македонија, Управата за јавни приходи, Управа за водење на матичните книги итн.) од каде што граѓаните и деловните субјекти, за првпат, ќе имаат можност да ги заменат редиците на шалтерите со услуги добиени од дома или работните канцеларии. Генерираните електронски документи сега се целосно легални и можат да се користат насекаде, бидејќи се препознаени во позитивниот правен систем во Македонија со најновите законски измени, истакнал Шаќири.
Предложените мерки што ќе бидат дел од Програмата за економски реформи 2022-2024, посочуваат од МИОА, се спроведуваат заедно со ЕУ и претставуваат подготовка за учество во процесот на економска и фискална супервизија на земјите-членки на ЕУ, со цел да се спроведат главните процеси реформи во земјата, што ќе влијае на интензивирање на дијалогот со ЕУ. Програмата ќе биде доставена до Европската комисија до крајот на јануари 2022 година.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска