Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава
Ние како Влада постојано работиме на подобрување на квалитетот на животот, особено на младите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“.
Нагласувајќи ја важноста на дебатата, организирана од Форумот за промени во образованието, Шаќири посочи дека некои студии, како онаа на Светската банка од 2020 година, покажуваат дека има зголемен обем на миграција на здравствената работна сила од нашата земја, од Србија и Хрватска во Германија.
– Заедно со Министерството за економија изработуваме пакет мерки. Во делот на тие пакет економски мерки, да најдеме начин како да ги мотивираме компаниите да го задржат кадарот што го завршил практичното образование. Но, исто така и како да најдеме начин освен мотивација, дел од платите да бидат повисоки од постоечките што се нудат на пазарот за вработување, појасни Шаќири.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека првпат оваа година имаме веќе сто одобрени наслови за учебници за предмети во стручното образование.
– Благодарен сум на Националната комисија, што овој период има одобрено повеќе од сто наслови од различни стручни предмети, рече Шаќири.
Министерот информира дека се обезбедени буџетски средства за учебниците во основното образование, за дел во средното образование и првпат после десет годни и 26 имаме печатени учебници во стручното образование.
– А, вака како што ќе почнеме, сега сме понапредни заради тоа што имаме веќе одобрени учебници за прво, второ, трето, четврто, петто, а во постапка сме за шесто одделение. Очекувам добар дел и од учебниците во средно образование, да не кажам поголемиот дел од тие што се одобрени, да бидат испечатени, рече Шаќири.
Тој истакна дека за следната година нема да недостасува ниту еден учебник за основното и средното образование и сите ќе бидат доставени навремено од 1 септември.
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар