Шаќири: Фокусирани на иднината и новите предизвици

Од мојот прв ден на преземање на oваа функција до последниот, мојата работа се карактеризираше и се водеше според принципот на транспарентност и чесност, бидејќи верувам дека чесноста е најдобрата политика, наведува министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Овој период, како што посочува Шаќири преку соопштение од МИОА по повод неговиот последен ден како прв човек на ова Министерство, бил полн со предизвици и достигнувања.
– Реформа на јавната администрација, Законот за висока раководна служба, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, дигитализација на услугите, проектот „Една точка за услуги„, системот за интероперабилност, дигиталната идентификација, националната ИКТ стратегија, унифицирани веб-страници, Стратегија за отворени податоци, системот за управување со документи (ДМС), Проектот за сајбер безбедност, „Roam like at home“, подобрување на телекомуникациската мрежа, усогласување на домашното и европското законодавство во областа на медиумите се неповратни процеси за чија реализација работевме и работиме со најголема посветеност, истакнува тој.
Според Шаќири, овие процеси се незапирливи и неповратни, како и патот на Северна Македонија кон евроатлантските интеграции и Европската унија.
– Затоа сум подготвен да му ја понудам мојата поддршка и совет на идниот министер, за реализацијата на овие процеси да продолжи без пречки. Веќе целиот мој фокус е посветен на иднината и новите предизвици што таа ги носи. Познавајќи се себеси и водејќи се од принципите на транспарентност и чесност во работата, верувам дека успешно ќе го надминам секој предизвик со кој ќе се соочам, истакнува Шаќири.
Досегашниот министер за информатичко општество и администарција Јетон Шаќири (ДУИ) треба да го преземе ресорот за образование и наука во новата влада за која во Парламентот ќе се гласа викендов.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
