Шаќири: Договорот за повисоки плати треба да биде поздравен и од опозицијата
Договорот за повисоки плати за вработените во образованието, треба да биде поздравен од сите, вклучително и од опозицијата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вечерашното гостување на телевизија „Сител“, по потпишувањето на договорот меѓу СОНК и МОН, според кој, зголемувањето на платите за 15 проценти ќе почне од септемвриската исплата.
Тој посочи дека со почетокот на новата учебна година, септември или октомври ќе има потпишување на гранковите колективни договори помеѓу синдикатот и МОН.
– Се согласивме дека ќе има зголемување на плата за 15 проценти почнувајќи со исплата на платата во септември. Исто така се согласивме, претставници на СОНК да бидат вклучени во процесот на подготовка на буџетот за наредна година. Но, ние како Влада подготвуваме нова методологија за пресметка на плати на јавниот сектор. Значи, се работи за методологија која ќе има предвид многу економски индикатори. Кога таа ќе биде готова, јас како министер заедно со претставниците од СОНК ќе ја разгледаме и ќе ги имаме предвид фискалните импликации или податоците во бројки за конкретниот случај за платите во секторот основно и средно образование, нагласи Шаќири.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор
-
Ставот на Русија останува „непроменет“ по предлогот на Трамп за прекин на војната
-
АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ 24 Вести и ТВ Вистел за непочитување на изборниот молк
-
Меѓународни набљудувачи: Изборите беа конкурентни, но засенети од правни недостатоци и политичка поларизација
-
Потрошувачката кошничка поскапа за 500 денари
-
29-годишник ги избркал родителите од дома и им се заканувал со нож затоа што одбиле да му дадат пари
-
Сведочење за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина
-
РКЕ: Дизелот се намалува за еден денар, цените на бензините остануваат исти