Шахпаска:Посветени сме на реализација на мерките за унапредување на детската заштита
Како одговорна партија целосно сме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат унапредување на детската заштита.
Инвестираме во изградба на нови и проширување на веќе постоечките капацитети на детски градинки.
Општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца. Вкупниот износ за изградба на градинките е над 3,5 милиони евра, а средствата се обезбедени од Светска банка.
Покрај овие 4 договори, во периодот што следува уште 13 општини ќе потпишат договори за грантови за изградба на нови градинки.
Во периодот од мај 2017 до мај оваа година Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.
Истовремено, во во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.
Тоа се вкупно 43 објекти на градинки распоредени низ целата државата.
Со ваквите инвестиции, позитивно влијаеме на реализација на зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се зголеми за 50%.
Покрај инвестициите во капацитетите, се инвестира и во унапредување на условите за работа на стручниот кадар. Го враќаме достоинството на воспитувачките и негувателките.
Денес, над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати во просек за над 3.000 денари.
Веќе со септемвриската плата, вработеите во градинките ќе добијат дополниелно зголемување на платите од 5 отсто.
Почитувани,
родолжуваме со спроведување на мерките што го унапредуваат системот на детска заштита и го враќаат достоинството на вработените.
За нас, грижата за децата останува врвен приоритет.
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

