Шахпаска: За 2,5 години просечната пензија ја зголемивме за над 1.700 денари
СДСМ создава праведно општество, кое вистински ја намалува социјалната нееднаквост меѓу граѓаните.
Подеднакво се грижиме за достоинствен живот на повозрасните граѓани, кои ја граделе државата и се вложувале во напредокот на земјата.
Над 320.000 пензионери добија покачување со јанураската пензија од 722 денари. До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари.
Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари, за три години е зголемена за 1.746 денари.
Воведовме и социјална пензија, која засега ја користат над 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија.
Донесовме закон за докуп на стаж на граѓани кои работеле, а не им биле плаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување
Спроведуваме социјална реформа, со која целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите категории и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат.
Со 300 проценти зголемување на социјалната помош извлекуваме повеќе од 120.000 граѓани од сиромаштија.
Социјалната помош е покачена од 3.000 денари на 11.700 денари.
Вкупно 27.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат над 8.500 деца.
Секој граѓанин има право на достоинствен живот. Затоа продолжуваме интензивно да работиме на мерки и политики за подобрување на социјалната положба на граѓаните.
На прав пат сме!
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја
-
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-
Американски извори открија дека Иран се подготвувал да го минира Ормускиот теснец
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода
-
Известителката на ПССЕ длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите во Србија
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали