Македонија
29. September 2021 - 8:41

Шахпаска ќе посети семејство во Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски денеска ќе извршат увид во имплементацијата на социјалната услуга – нега и грижа во домот.

Оваа услуга е дел од социјалната реформа што ја спроведува Владата, во соработка со општините.

Како што е најавено, Шахпаска и Стојановски ќе извршат увид во домот на семејство од општина Демир Хисар, корисник на услугата нега и грижа во домот. ​

Носител на лиценцата за оваа социјална услуга е Црвениот крст на Демир Хисар.