Македонија
5. August 2024 - 12:21

Слаба наплата на данок на имот во Штип

Скоро секој 5-ти штипјанец има два, три или повеќе недвижни имоти за домување. Општина Штип е една од општините со најниска стапка за плаќање данок на имот за стамбен простор во кој не се живее, а следува како резултат на одлуката на Уставен суд да се укине членот 6 од Законот за даноци  на имот. 

- Она што беше измена на Законот од 2021 година за 3 пати зголемување на даночната стапка з аоние станови кои претставуваат луксуз, односно, з аобврзниците кои што имаат повеќе имоти, Уставниот суд со одлука од оваа година ја укина и даночното одделение, односно, општина Штип не е постапувало по неа, бидејчи тоа значи дека преставува не уставна категорија, изјави Драган Каров, раководител на одделение за администрирање на приходи ЛС- Штип

За луксуз се смета стамбен простор во кој сопственикот или сопствениците не живеат според податоците од личната карта и се плаќаше данок од 3% од вредноста на имотот, на годишно ниво.

- Општина Штип има пропишано даночна стапка од 1% данок на имот, а за стан во кој се живее има ослободување од 50 %. Станот во кој се живее се докажува со адреа по лична карта и сите други имоти се тарифираат по регуларната стапка од 1%, додаде Каров

Според податоците на општинскиот софтвер во Штип има околу 17 000 даночни обврзници, а повеќе од 3000 имаат повеќе од еден стамбен објект.