СГИП разочаран што домашните компании нема да учествуваат во изградбата на Клинички центар
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) реагира што македонските компании се елиминирани од учеството на тендерот за изградба на новиот Клинички центар што Владата најави дека ќе се гради на локација во Скопје.
Заменик претседателот на СГИП, Иван Пешевски на денешната прес-конференција оцени дека Владата секогаш им дава приоритет на странските компании и оти причината поради која домашните компании се изоставени се условите за учество на тендерот кои се неприфатливи.
– Еден од условите е домашните компании да имаат изградено таков или сличен објект во последните десет години. Ние, последниве десет години не сме правеле таков објект, но тоа не е причина дека компаниите нема да успеат да го изградат објектот доколку им се даде шанса. Исто така, се бара депозит од 250 милиони евра што е навистина голема сума за нашите домашни компании, рече Пешевски.
Според него, домашните компании имаат капацитет, знаење и човечки ресурси да изградат вакви капитални објекти.
– Неприфатливо е проекти како овој клинички центар, што се најавува дека ќе чини до 500 милиони евра, да биде даден на компанија надвор од границите на Македонија и нашите градежници да останат без работа, истакна Пешевски.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи