Сезонава 2.971 заболен од грип во Кавадарци и Росоман

Оваа сезона на грип во Центарот за јавно здравје, подрачна единица Кавадарци регистрирани се 2.971 лице со сезонски грип, пријавени кај матичните лекари во Кавадарци и Росоман.
Специјалистот епидемиолог доктор Ристе Јовановски денеска информира дека од грипот најмногу биле зафатени лицата на возраст од 15 до 64 години.
- Се ближиме кон крајот на сезоната на грип. Во последната седмица од декември имавме 1.024 заболени со ова вирусно заболување, а сега во изминативе две седмици, само по 17 грипозни. Годинашнава вкупна бројка е поголема од минатогодишната, која изнесуваше 1.167 евидентирани лица со грип, рече Јовановски.
Тој нагласи дека можно е и понатаму да се пријавуваат случаи на сезонски грип, но, како што рече, тоа ќе биде со помал интензитет.
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
