Сезона на грип во САД: Најмалку 105 деца починати, над 29 милиони инфицирани
Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Тоа е најголем број на смртни случаи кај деца од грип во овој момент во сезоната откако ЦДЦ почна да води евиденција во 2004 година, освен за пандемијата на грип во 2009 година.
– Ова е „необична“ сезона на грип со поголем процент на деца и млади заболени отколку постарата популација, тврди д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести во Медицинскиот центар „Вандербилт“ во изјава за Си-Ен-Ен.
Според него, претходната преваленца на грип Б – вид на грип што има тенденција да биде почест кај децата – би можела да биде причина зошто се засегнати повеќе деца.
-Исто така, како што се намали бројот на заболени од грип Б, се зголеми бројот на заболени од Х1Н1, рече тој. Х1Н1 е подтип на вирусот на грип А, кој исто така влијае на децата повеќе од возрасните.
-Ова е прв пат во 25 години кога (грип Б) стана толку честа појава толку рано, рече д-р Бади Креч, вонреден професор по детски инфективни заболувања во Медицинскиот центар Вандербилт.
Ниту Шафнер, ниту Крејк не знаат зошто годинашниот временски распоред на грип е толку различен.
– Тоа ги остава збунети сите вирусолози, рече Шафнер.
Според податоците, од грипот починале 9 деца на возраст од пет месеци или помали, 19 на возраст од 6-23 месеци, 21 дете на возраст од 2-4 години, 31 на возраст од 5-11 и 25 деца на возраст од 12-17 години.
Властите објавија за најмалку 16.000 починати од грип меѓу 1 октомври и 15 февруари и заразени меѓу 29 милиони и 41 милион. Вирусот е проширен во 43 држави.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи