Северозападниот дел на БиХ се уште е зафатен од поплави, вонредна состојба во неколку градови
Северозападниот дел на Босна и Херцеговина е најзагрозен од поплавите, а во неколку градови во тој дел од земјата е прогласена вонредна состојба.
Вонредна состојба е прогласена во Костајница и Нови Град во Република Српска, како и во Бихаќ, Босанска Крупа, Сански Мост, Цазин и Велика Кладуша во Федерацијата БиХ.
Управата за цивилна заштита на РС вчера соопшти дека специјалистички тимови на управата се ангажирани во Козарска Дубица, Костајница, Нови Град, но и во Градишка и Приједор за да им пружат помош на подрачјата загрозени од поплави.
Најлоша е состојбата во Нови Град каде вода навлегла во околу 40 станбени згради, а евакуирани се 23 лица. Наставата во основните и средните училишта е прекината, пренесува Бета.
Во РС е поплавен и автопатот „9-ти јануари“ од Бања Лука до Добој.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина, најлоша е состојбата во Босанска Крупа, каде водостојот на реката Уна е највисок досега измерен на тоа место. Се уште не е познат точниот број на поплавени згради, но голем број домаќинства се евакуирани.
Повеќе од 800 станбени згради се опколени со вода и не може да им се пристапи.
Во Бихаќ се поплавени повеќе од 200 згради, а населбата Покој е отсечена од градот.
Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ изјави дека владата на ентитетот Босна и Херцеговина одвоила 500.000 конвертибилни марки (околу 250.000 евра) за Унско-санскиот кантон, погоден од поплави.
Ново на Сител
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
